Иновативноста и претприемачкиот дух се меѓу основните вредности на LVMH Group од нејзиното создавање. Лансирана во 2017 година, LVMH Innovation Award – организирана во врска со настанот VivaTech – ги поканува стартапите од целиот свет да ги понудат своите решенија за да го усовршат деловниот дух на LVMH. Апликациите може да се поднесуваат до четврти март 2022 година, а финалистите ќе бидат поканети да бидат дел од LVMH Lab низ VivaTech, од 15-18 јуни 2022 година.

За шестото издание на LVMH Innovation Award, LVMH Group објави до сите заинтересирани во светот, кои можат да се натпреваруваат во една од шесте следниве категории:
– Omnichannel и малопродажба;
– Свесност за медиуми и бренд;
– 3D/Виртуелно искуство со производи и Metaverse;
– Операции и извонредност во производството;
– Искуство на вработените и корпоративна општествена одговорност;
– Одржливост;
Стартапите избрани за потесниот круг на финалисти ќе бидат поканети да ги претстават своите решенија во LVMH Lab во текот на четирите дена на VivaTech, најголемиот европски стартап и технолошки настан.
Стартапите кои ќе влезат во потесниот круг ќе имаат шанса да работат со LVMH и модните куќи кои се дел на групацијата, а победниците – по еден стартап за секоја категорија – ќе бидат наградени на церемонијата на доделување награди за време на VivaTech.
Специјална награда ќе добие и стартап за најпривлечно решение за податоци и вештачка интелигенција. Еден од стартапите ќе биде прогласен за победник на наградата за иновации на LVMH за 2022 година.
Овој предизвик е отворен за стартапи од целиот свет кои сè уште се во фаза на раст и се позиционирани да работат на глобално ниво за да му помогнат на светскиот лидер во луксузот да одговори на предизвиците поврзани со креативните процеси. Посебен фокус е на решенијата во Fashion Tech, Beauty Tech и Jewelry Tech./М.М.
За да аплицирате посетете го линкот : https://challenges.vivatechnology.com/en/challenges/lvmh

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.