ZOOM апликацијата и работата на далечина можат да го сокријат здолништето, но не и проблемите со лицето. После неколку месеци гледање во себе со и низ рефлексијата на апликацијата, останува само едно прашање – како до подобар тен, нахранета кожа, освежен изглед. За многумина корективниот серум на Luxe Botanics е одговорот, барем за црвенилото, лупењето на кожата, флеките и нерамномерниот тен. Серумот содржи Кигелија африкана, јужноафриканско овошје со антимикробни и антифунгални својства, а нивната формула содржи и класици со висока ефикасност, како витаминот Ц, ниацинамидот и хијалуронската киселина.
Секој производ поддржува и различна кауза: имено, за секој купен производ со Кигелија, производителот обезбедува паричен придонес за организирање курс за обука за бизнис на жените од Малави./M.M.