Louis Vuitton го претстави шестото дополнување на колекцијата Les Extraits, парфемот Myriad, како резултат на соработката на мајсторот парфимер Jacques Cavalier Belletrud и дизајнерот Frank Gehry.
Myriad е унисекс парфем – и цветен и дрвенест. Според парфимерот, главната инспирација за создавањето се аромите во воздухот на Грас каде што е сместена неговата парфемска лабораторија.


Како почетна точка во создавањето на новиот парфем е одбрано есенцијално масло од Бангладеш, Assam Oud, ексклузивно за Louis Vuitton, на кое се додадени цветни мириси од бугарска роза и од роза Grasse centifolia.
Myriad е достапен на официјалната веб-страница на Louis Vuitton, во шише од 100 ml, создадено од дизајнерот Frank Gehry./М.М.

You may also like

Comments are closed.