Договорот ги поврзува 470-те милиони активни корисници на JD.com, со Louis Vuitton’s WeChat мини програмата
Со договорот, кинескиот гигант за електронска трговија JD.com, добива пристап до Louis Vuitton, ексклузивниот создавач на високата мода. Договорот е редок потег за францускиот бренд, кој традиционално, дава приоритет на директниот пристап, преку сопствените страници за е-трговија. Договорот е прв од таков вид на брендот, со трета страна, односно со платформа за е-трговија во Кина, а има за цел да го прошири пристапот до се посилниот кинески пазар. Особено и затоа што поради пандемијата и затворањето, безмалу сите останати пазари во светот не само што заостануваат, туку се и со неизвесна блиска иднина.
Кинеските потрошувачи ќе можат да ги бараат проиводите на Louis Vuitton преку мини програма WeChat на JD.com. Со договорот JD добива пристап до луксузен бренд, а тоа е и целта – да се привлечат повеќе луксузни брендови на страницата која инаку е попозната по електроника опрема.
Овој потег е добредојден за JD.com бидејќи конкурентот – Tmall, во сопственост на Alibaba, секоја недела отвора една нова страница во Luxury Pavilion 2020. Louis Vuitton не е на Tmall, но ги прифати кинеските социјални платформи за медиуми и социјална трговија како WeChat, Xiaohongshu, Douyin, па дури и Bilibili, преку партнерство со видео играта League of Legends.
Louis Vuitton е меѓу првите западни луксузни брендови што организираа настан со пренос во живо на Xiaohongshu, на модна ревија за машка облека во Шангај. Настанот во Кина беше емитуван на Weibo, Douyin, Tencent и OOH, минатата година го погледнаа 95 милиони корисници.
„Tmall и JD се во војна веќе извесно време, а потпишувањето Louis Vuitton претставува удар на JD.com, бидејќи Tmall го очекуваше во својот Luxury Pavilion./М.М.