Кон постојната, софистицирана колекција парфеми на Louis Vuitton, создадени од прочуениот парфимер Jacques Cavallier Belletrud, се приклучуваат нови мириси, овој пат во колекционерски шишиња потпишани од архитектот Frank Gehry, кој е и создавач и на футуристичкиот дизајн на Louis Vuitton Foundation.
Louis Vuitton, кој секогаш создавал иконски парфеми, сега влегува во високата парфимерија со колекцијата од пет мириси наречена “Les Extracts”. Создавачот е Jacques Cavallier Belletrud , кој сака да ја деконструира композицијата на класичниот парфем: “Сакав да одам таму каде што никој не одел. Кон уништување на самата архитектура на парфемот. Така е создадена Collection of Extracts: пет мириси без врв, срце или основна нота. Да се открива секој од нив, како квинтесенцијата на секое семејство.
Од петте мириси на колекцијата Dancing Blossom е опишан како “каскада од цвекиња”: таму се мешаат јасмин од самбак, мајската роза, osmanthus и индиска тубероза. Cosmic Cloud е интерактивно нуркање на сетилата: патување кон неистражените допири на мошусот, интерпункција од чоколадо, тонка грав од Венецуела, пачули, чипре, мов од даб и бергамот. Rhapsody е сензација на светлина од цвеќиња, од Grandi florum јасмин до пачули, вклучително и мајска роза и чипре. Symphony, како фусија помеѓу небото и земјата е сензорно нуркање, бесконечно уживање во апсолутна светлина, зрачење на вибрациите на подводните острови, слатка пикантност на свежата кора од ѓумбир, во коктел од бергамот, грејпфрут и црвени бобинки.
Stellar Times, петтиот парфем, претставува сублиминално патување низ времето, за повторно откривање на сјајот на храмовите од приказните, на градини со мозаици и прекрасни фонтани. Цветот на портокалот се меша со растителен килибар и кожните ноти на перуанскиот балсам./M.M.