Nensi Dojaka, добитничка на LVMH наградата

Nensi Dojaka, 28-годишна албанска дизајнерка за женска облека, ја освои наградата на LVMH за нови таленти, за 2021 година.  Со својата четврта колекција и со модна ревија, Nensi Dojaka  ја отвори London Fashion Week. Нејзината нова колекција ќе биде претставена преку TikTok шоу, пред поканетите гости.

London Fashion Week се одржува  до 21 септември – со мешовит распоред од ревии со публика и виртуелни модни презентации. На распоредот се 100 дизајнери со своите најнови остварувања: од фаворити како Molly Goddard, Richard Quinn и Charles Jeffrey, до етаблирани брендови, вклучувајќи ги Dior, JW Anderson и Jimmy Choo.

Ревиите ќе можат да се проследат преку stream на веб – страницата на London Fashion Week, каде што ќе може да се провери распоредот и на пратечките настани. https://londonfashionweek.co.uk/schedule

Најпрестижната награда на модната индустрија на Dojaka и беше врачена во Fondation Louis Vuitton во Париз и подразбира 300.000 евра и една година менторство од професионалните редови на LVMH групацијата.

Облеката дизајнирана од Dojaka, ја носат Bella Hadid, Emily Ratajkowski и Kaia Gerber, а нејзиниот црн мини фустан е на листата на најжешки модели на 2021, заедно со Bottega Veneta, Prada и Hermès. За наградата конкурираа над 1900 дизајнери од целиот свет./M.M.

Nens Dojaka

Nens Dojaka

Nens Dojaka

Nens Dojaka

You may also like

Comments are closed.