Jennifer Aniston го промовира својот бренд за нега на коса, наречен LolaVie. Претставена како колекција за нега и убавина, LolaViе на официјалната Instagram страната е најавувана неколку пати, со пригодни фотографии. Тогаш не беше прецизирано за какви производи ќе се специјализира брендот, туку само дека официјално ќе може да се купат од средината на септември.
Сега е објавено дека станува збор за палета на производи за нега на косата, од растително потекло. „Нашите производи се направени со растителни состојки, природно добиени состојки- и без парабени, силикони, сулфати, фталати и глутен … и, се разбира, ние сме вегани и без суровост! – истакува Jennifer Aniston.
Првиот производ во списокот на LolaVie е Glossing Detangler, лесен спреј кој може да се користи како средство за обновување на влакното, враќање на еластичноста и на сјајот, како и заштита од топлина./М.М. https://www.lolavie.com/