Најновата колекција на Loewe наречена Paula’s Ibiza повикува на влез во паралелен свет каде што се е можно. Ослободената енергија ја заситува колекцијата, инспирирана од бескрајните забави – унисекс силуети на која се гледа разголена кожа, блескаат светки се е обземено со магијата на летото.
https://www.loewe.com/usa/en/home
Paula’s Ibiza е привлечна и освежувачка, дури и во најмалите детали: дизајните остануваат лесни за носење, со отпечатоци на забавни мотиви, во сите бои на летото.
Фустаните и блузите во колекцијата се прекриени со светки, додека лежерните кошули се направени од свила, а низ дизајните се додадени различни детали – од капчиња до избледен тексас.
Модните додатоци на Loewe Paula’s Ibiza ја прикажуваат истата разиграност и живост, чудесни очила за сонце, со сандали на платформа со светки, еспадрили направена во тексас, како и други производи украсени со мотиви на коктели./М.М.
Paula’s Ibiza е на loewe.com