Модни додатоциТрендови

Lock“ на Tiffany & Co – симбол на нераскинливи врски и на инклузивноста

Tiffany & Co ја претстави својата прва родово неутрална колекција „Lock“. Нараквицата, која е дел од оваа колекција е и дел од новата стратегија на брендот кој настојува, преку модернизирање на понудата, да и се допадне на помладата публика.

Првата серија на „Lock“ нараквиците на пазарот ќе се појави на почетокот на идната година и тоа во четири верзији : секоја ќе е достапна во жолто, бело и црвено 18 каратно злато.

Во преставувањето на Tiffany Lock се вели дека е одличен пример на колекција која спојува иновации, форма и функција. Повторно е осмислена идејата на катанецот, кој претставува важен мотив од архивата на Tiffany , за потоа да се трансформира во симбол на нераскинливите врски и на инклузивноста.
Колекцијата „Lock“ беше во фаза на развој и пред преземањето на брендот од страна на модната групација LVMH , во јануари 2021 година. Сепак, финализацијата на дизајност, на асортиманот, како и стратегијата на позиционирањето и маркетингот се реализирани под надзор на новиот раководен тим на Tiffany.


Рамнотежата помеѓу традицијата и модерноста е дел од пристапот на брендот па така и Lock создава мост меѓу тие два света, посочено е на претставувањето на ракавицата, како и на новата стратегијаа на Tiffany & Co, инаку дел на модната групација LVMH./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.