На сајтото на Liu Jo во тек е сезонска распродажба на летната колекција. Претставени се повеќе модели за ден, како и за посебни случувања, изработени од органски памук или рециклирани суровини.
Liu Jo е италијанска модна куќа создадена од браќата Marchi во 1995 година, во Капри, Италија. Liu Jo беше создадена како мала текстилна фирма, но во 90-те израсна во наjголем бренд во доменот на pret-a-porter модата. Компанијата сега има над 130 бутици во Италија и 110 ширум Европа и Азија каде што дистрибуира преку Liu Jo Asia Pacific фирмата.
Во насока на одржливоста, што е главно мото на брендот, за колекциите се користи органски памук или рециклирани суровини како: памук, полиестер, најлон, вискоза и волна. Промовирањето на културата на одржливоста и почитувањето на животната средина е процес во кој сите сме вклучени, порачуваат од компанијата.
Употребата на материјали што ги почитуваат природните циклуси е фундаментален чекор во патот што го изодивме, истакнуваат во компанијата. Имајќи го ова предвид, ние истражуваме нови еколошки материјали и работиме на создавање на еколошки облеки и додатоци.
Во согласност со мотото „Помалку влијание – Ист стил„, работиме на зголемување на уделот на одржливите материјали во нашите колекции: не само облека, туку и еколошки текстилни додатоци и чанти, за што сведочат 530.000 еколошки артикли направени за секоја сезона. Ние веруваме дека е можно да се намали нашето влијание врз животната средина и да се одржува нивото на нашиот непогрешлив стил. На сајтот www.liujo.com се сите податоци за производите, продажните места и одржливоста./M.M.