Louis Vuitton лансира нова колекција мириси наречена Les Extraits, која вклучува пет парфеми: Cosmic Cloud, Dancing Blossom, Rhapsody, Stellar Times и Symphony. Секој од нив претставува различно олфактивно семејство и е со концентрат од 30 проценти.
Модната куќа се поврза со американскиот архитект и дизајнер Frank Gehry за да создадат скулпторски шишиња за мирис со тродимензионално сребрено капаче.
Парфемите немаат високи, средни и ниски ноти. Jacques Cavallier Belletrud, создавачот на парфемите објаснува: Сакав да одам таму каде што никој повеќе не оди, со цел на модерен начин повторно да го пронајдам терминот Extraits (најконцентрираната форма на мирис). Парфемот создава моменти на задоволство – на интимно и заедничко задоволство. Тоа е чин на љубов кон другите, кон себе. Frank Gehry и јас ја делиме желбата да создадеме нерамнотежа што може да стане рамнотежа, контраст и трансверзални линии помеѓу нештата што изгледаат некомпатибилни, постои желба да се иновира без да се прекине со она што било претходно “, рече парфимерот.
По цена од 527 долари, парфемите од колекцијата „Les Extraits“ ќе бидат достапни од шести октомври годинава во одбрани продавници низ целиот свет.
- Cosmic Cloud е овошен и мошусен мирис, со ноти на бергамот, пачули и црн current;
- Dancing Blossom е цветен мирис на јасмин самбак, мајска роза, османтус и индиска тубероза;
- Rhapsody е модерен чипре парфем со мов, пачули, ветивер и роза, вклучувајќи цветни ноти од јасмин нагласени со свежо мате;
- Stellar Times е длабок, дрвенест мирис со допир на цвет од портокал и килибар;
- Symphony е создадена од кора од свеж ѓумбир, со бергамот и грејпфрут./М.М.