Актерката и писателка Lena Dunham сака да помогне во уривањето на бариерите во модата за плус-сајз жените. Таа направи и конкретни потези во модната индустрија, лансирајќи колекција од пет плус-сајз парчиња, во соработка со 11 Honoré. Таа е првиот познат партнер за брендот и се надева дека ќе помогне да се урнат некои бариери со кои жените со големи димензии сè уште се соочуваат во модната индустрија, особено во малопродажбата.
Говорејќи за The New York Times, Dunham рече дека сака да ги запре лажните перцепции и непотребните заклучоци во врска со жените кои се со поголеми димензии. „Има толку многу проценки околу поголемите тела и мислам дека една од нив е дека поголемите жени се поглупи“, рече таа. “Тие јадат премногу и не знаат како да запрат. Тенките жени мора да бидат остроумни и способни да ја користат својата волја. Поголемите жени мора да бидат ограничени во разбирањето за светот и продолжуваат да прават работи што се лоши за нив.”
„Сакам да ја испратам пораката дека да се биде заоблен е нешто за славење, а не едноставно нешто за справување – не е проблем да се поправи или прикрие, туку е навистина убава прослава да се има многу да се даде“, додаде таа. “Ми требаше многу време, но јас го сакам фактот дека моето тело раскажува приказна за огромноста, за широчината, за присуството. И тоа е мое и нема да поминувам цел живот извинувајќи се за тоа – одам да го прославам тоа со облека што вели: ‘Еве ме.’/M.M.