Париската стоковна куќа влегува во мета режим – ја лансира својата прва целосно дигитална колекција на облека и додатоци.

Наречена “Digital Fashion by Printemps”, колекцијата нуди ексклузивни креацији за мажи, жени, но и за домашни миленици.

Колекцијата на Le Printemps е составена од околу 40 парчиња који се продаваат во е-продавницата на стоковната куќа по цена од 7 до 20 евра. Колекцијата вклучува бионички бодија, предимензионирани јакни, тренч палта, ПВЦ панталони, наметки за за кучиња и мачки и други производи.

„Уникатна, одржлива и инклузивна, оваа колекција нуди парчиња дизајнирани да одговараат на сите типови на тело и пол“, велат од Le Printemps.
Принципот за добивање виртуелен изглед е релативно едноставен. При изборот на облека купувачот испраќа своја фотографија за виртуелно прилагодување на дизајнот. Откако ќе се добие персонализираната фотографија во дигиталната облека, останува само да се сподели на социјалните мрежи и со неа да се претстави во метаверс./М.М.


https://digitalfashion.printemps.com/

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.