Le Parfum Lumiere е најновата верзија на препознатливиот мирис на Elie Saab. Со прекрасни соларни и сјајни горни ноти на иланг, јасмин и килибар, овој опоен мирис е нагласен со акорди на цвет од портокал и пачули, главните ноти во колекцијата мириси на Elie Saab.

Либанскиот моден дизајнер Elie Saab , познат по своите драматично женствени и елегантни фустани, венчаници и вечерни тоалети, создаде нова мирисна магија, инспириран од убавите жени што ги облекува. Како и неговите фустани од високата мода и мирисите на Elie Saab имаат блескава сензуалност. Со меки цветни ноти парфемите Elie Saab претставуваат мал дел од високата мода во секоја колекција на мириси.


Lumiere lookbook
За цветниот мирис Le Parfum Lumiere, Elie Saab побара соработка со Francis Kurkdjian , францускиот парфимер со ерменско потекло. Тие создадоа уште еден исклучително елегантен нов модерен. цветен дрвен шипре парфем.
Отворот е суптилен и изненадувачки: нијансите на италијанското масло од мандарина измешано со маслото од иланг постепено се развиваат. Резултатот е нежен, женствен и цветен парфем, но со изненадувачка длабочина на дрвена позадина – неверојатниот Le Parfum Lumiere маѓепсува со своите ноти и е сосема соодветен за празничната сезона./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.