Penelope Cruz, амбасадорката на Lancome, го промовира најновото издание на парфемската линија Tresor, овој пат како La Nuit Tresor L’Eau de Parfum.
Од брендот истакнуваат дека парфемот е создаден од двајца врвни парфимери кои ги комбинирале своите вештини во создавањето на La Nuit Tresor Eau de Parfum.
Шпанската актерка беше во истата функција и во 2010 година, кога беше промотивно лице на Tresor.
Парфемот е опишан како гурмански, дрвен, овошен и цветен, со ноти на малина, пралина, црна роза и пачули./M.M.