Кога порталот Village of Joy ја објави листата на 50 најчудни градби на светот, првото место и припадна на уникатната, необична и полна со магија куќа, наречена „Krzywy Domek“(Крива куќа).
Чудесната архитектура на зградата е дело на архитектите на Szotyńscy & Zaleski, има искривен изглед што потсетува на цртеж или, на куќа од бајките, и е со исклучителна визуелна атрактивност. Инспирацијата ја должи на цртежите на уметниците Jan Szancer од Полска и на Peеr Dahlberg од Шведска.Градена е пред две децении.
Архитектите сакаа да создадат простор кој ја одразува разиграноста и имагинацијата, отстапувајќи од традиционалните стилови на градење. Денес објектот е простор за различни деловни активности, вклучувајќи кафулиња, продавници и канцеларии, но во исто време останува и популарна туристичка дестинација. Поради својот необичен изглед стана симбол на Сопот и е еден од најфотографираните објекти во Полска.
Krzywy Domek е сосема особено место во Сопот, популарното приморско одморалиште на Балтичкото Море. Луѓето кои го посетуваат за настани или за деловни состаноци, своите потписи ги оставаат на ѕидот наречен The Wall of Fame ( Ѕидот на славните) што е полска верзија на холивудската патека на славните – Walk of Fame. Ова е само една од многуте идеи имплементирани од страна на креаторите на проектот што помогна 2009 година објектот да биде номиниран за „Седум чуда„ на натпреварот на градовите Сопот, Гдањск и Гдиња./М.М.

You may also like

Comments are closed.