Британскиот супермодел Kate Moss е новото заштитно лице на рекламната кампања на Zara.
Шпанскиот бренд ја најави својата најнова колекција, во соработка со поранешниот главен уредник на Vogue Paris, Emmanuelle Alt, како облека за летните забави. Естетиката на „party girl“ е во тренд, а Zara е подготвена да го обезбеди сето потребно, се вели во соопштението на брендот.
Капсула колекцијата, составена од 25 парчиња облека, осум пари чевли и четири додатоци, зборува за стилот и духот на градот со кој Alt е толку суштествено поврзана: Париз. Го носи духот на 1990-тите, како и трендовите што на времето ги промовираше Kate Moss: лесни свилени фустани, дводелни костуми, строго мини, секси потпетици и – сето во палета на црна, бела и металик.
Колекцијата е поделена на два дела – „Into the Night“ и „Into the Classic“ – и претставува понуда на гардероба што може да се носи и за специјални прилики./М.М.