На 30 ноември, во одделни продавници и на својот сајт, Zara ја пушта во продажба својата долго очекувана колекција, насловена како Kate Moss for Zara.
Меѓу бројните модни куќи кои, низ креативна соработка со супермоделот Kate Moss, имале можност да го почуствуваат нејзиното влијание во процесот на создавањето е и шпанскиот моден бренд Zara.
Zara го направи достапно бесконечното стилско влијание на Moss, преку колекција дизајнирана од Kate Moss, заедно со нејзината долгогодишна соработничка и стилистка Katy England.
Дебитантската капсула колекција, наменета за забави во овие есенско-зимски денови, нуди мода инспирирана од гардеробата на супермоделот, вклучувајќи ја нејзината љубов кон леопард принт, кроење и винтиџ фустани за чај од 1930-тите.
Колекцијата Zara ја опишува како „разновидна и меѓу-генерациска„, со претставување на стилот и погледот на Moss за модата, преку современа капсулна линија на класични парчиња за забава и со фустани, јакни, чевли и додатоци кои црпат инспирација од седумдесеттите години на Charlotte Rampling и Lauren Hutton, Studio 54 и Led Zeppelin.
Во изработка на кампањата за претставување на Kate Moss for Zara колекцијата, Moss соработуваше со фотографите Mert Alas и Marcus Piggott./М.М.
More in:Мода вести
Whispers in Time – нова колекција на Monika Dimova
Моника Димова, креативна директорка и моден дизајнер на истоимениот бренд, ја претстави својата најнова колекција ...
Gucci Gift – празнична приказна со Dakota Johnson
Четвртото поглавје на Gucci Gift кампањата, насловено како Ноќ во Фиренца, ја оживува празничната магија ...
Силна, заводлива колекција на Isabel Sanchis
Isabel Sanchis годинава ја завршува со силна и едновремено заводлива есенско-зимска колекција во која шпанската ...
Модерниот сензибилитет со винтиџ естетиката на Giorgio Armani
Giorgio Armani реализира впечатлива рекламна кампања за својата колекција за сезоните есен/зима 2024-2025 година. Реномираната ...