KARL IKONIK pour femme, светла, дрвенеста килибарно-цветна композиција и KARL IKONIK pour homme, смел килибарeн fougère, претставуваат олицетворение на современ мирис што ја отсликува безвременската силуета на Karl Lagerfeld.
Модниот геније, кој ја обликуваше светската мода повеќе од четири децении, остави силен белег и во светот на парфемите. По неговото заминување, Maison Karl Lagerfeld својата креативна визија ја претстави со парфемското дуо KARL IKONIK. Овие нови парфеми – KARL IKONIK pour femme и KARL IKONIK pour homme – отелотворуваат модерна интерпретација на стилот на Lagerfeld, со супериорни композиции и иновативен дизајн.
KARL IKONIK pour femme е лесна, дрвенесто-килибарна композиција, додека *KARL IKONIK pour homme носи храбар, килибарен fougère мирис. Доаѓаат во шишиња со хромирани завршетоци, розово злато за женската и сребро за машката верзија. Со легендарната силуета на Karl Lagerfeld парфемите се и колекционерски предмети. За женскиот парфем, композицијата вклучува ноти од малина, роза и јасмин, додека машкиот парфем истражува зрно од тонка во хармонична комбинација на жалфија и ѓумбир.
Инаку, најпознатиот парфем на Karl Lagerfeld е Karl Lagerfeld for Her, првпат лансиран во 2014 година. Станува препознатлив и популарен поради неговиот софистициран состав. Тоа е цветно-ориентален мирис со ноти на роза, јасмин, ванила и ветивер, што ја отсликува совршената естетската едноставност на Lagerfeld.
Maison Karl Lagerfeld ја дели иконската визија и дизајнерската естетика на нејзиниот основач, Karl Lagerfeld, комбинирајќи ги со современ и прогресивен дух. Брендот му оддава почит на своето огромно наследство, а неговата ДНК е обележана со страста, интуицијата и бескрајната креативност на дизајнерот./М.М.

You may also like

Comments are closed.