Есенско/зимската колекција на JW Anderson ја претставува само една протагонистка, актерката Hari Nef. Таа ја оживува колекцијата во филмска и во фотографска форма на еден сосема невообичаен начин, следејќи ги формите на облеката, но и одбраните медиуми и нивната композиција.

Замислата за една беспрекорна забава, станува простор од кој, од пронајдените работи и буквално се прави облека. Актерката е обвиткана со кеси, балони, свила и металик ткаенина. Светот на фрагменти и архетипови во играта на очигледноста ги извртува работите наоколу. Сето е и претстава за култните елементи на популарната култура.


Фотографиите се првата акција и на нив Hari Nef интерпретира различни филмски ликови: менува лик, менува фризура и целосно ја превртува личноста.
Во модниот филм, кој е втор од трите дејства, насловен како Falling for Fall, Hari Nef ги прошета гледачите низ колекцијата во студиото и ателјето каде што се прави облеката. Во филмот таа постојано паѓа, станувајќи секогаш во новата „јас„ и во нова облека.


Испечатени како билборди и поставени на комбиња, сликите со моделите од колекцијата потоа се поставуваат на улиците на Милано, во третото и последно дејство.
Така модата која отфрла елементи од популарната култура и самата станува дел од популарната култура.
JW Anderson е британски бренд, основан од Jonathan Anderson во 2008 година. Брендот првично се фокусираше на машка облека, за потоа, од 2010 година да почне да создава и женска облека./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.