Junya Watanabe штотуку ја претстави колекцијата есен/зима 2021, инспирирана и создадена како израз на почит кон најдобрите класични рок и хеви метал групи како: Aerosmith, Queen, The Who, Sex Pistols, Black Sabbath или The Rolling Stones. Оваа “Immortal Rock Spirit” колекција го слави безвременскиот стил на најпровокативните фигури на музиката: претставува модели во слоевита облека, супер шарено крзно, огромни бомбер-јакни и анимал принт дезени.

Watanabe се претстави и со шест дизајни, во рамките на  Junya Watanabe x Comme des Garçons x Versace Iconic Print Project, што ќе го продаваат двете куќи.

Junya Watanabe е јапонски моден дизајнер, протеже на Comme des Garçons дизајнерот  Rei Kawakubo. Неговото ателје се наоѓа во Токио, а тој учествува на четири модни претстави годишно во Париз. Креира и за модната марка Denim, а го претстави и новото партнерство со Levi’s, за серијалот Classic Levi’s 501 од различни години во историјата на denim брендот./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...

Comments are closed.