Сензуалноста и натаму се мошне забележлива во моделите на Saint Laurent, а Jerry Hall и натаму е најдобриот амбасадор на vintage трендовите.

Кога на пистите се враќа Vintage модата веројатно е и логично да биде претставена од супер модел од тоа време. Yves Saint Laurent беше модната куќа од која во седумдесетите тргна супер моделот Jerry Hall. На својата прва ревија го носеше фамозниот токсидо со широки раменици, а беше и заштитното лице на Yves Saint Laurent кога беше промовиран Opium Perfume во 1977 година.


Лани Hall повторно стана лице на париската модна куќа, промовирајќи ја колекцијата за пролет-лето 2022 година и тоа во селектирани парчиња одбрани од Anthony Vaccarello.
Освен црниот костум и сомотските блузи, свое видно место во колекцијата има и комбинезонот кој Saint Laurent до претстави во својата колекција пролет/лето 1986 година.Тука се и модните додатоци – четвороаголните обетки и големите наочари за сонце, модерни во текот на седумдесетите./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.