Jean Paul Gaultier

Со цел на фановите да им овозможи да уживаат во делата создадени пред повеќе децении, модната куќа Jean Paul Gaultier, донесе одлука да почне со изнајмување на 30 примероци од својата модна архива.
Oд архивата на Gaultier ќе бидат достапни за изнајмување ненадминливите креации на вонвременскиот дизајнер од седумдесетите и осумдесетите, а меѓу нив ќе се најде и контроверзниот корсет на Мадона од деведесетите.
„Архивата на Jean Pola Gaultier е нашиот златен рудник, посочува генералниот директор Antoine Gagey за Вог. „Сакаме да се грижиме за нив, ги цениме и сакаме да ги делиме со нашите фанови. Време е да ги истражиме новите начини на уживање во модата: купувањето на винтиџ парчиња и изнајмувањето можат да станат нови стратешки столбови на модната куќа во иднина.”
Ова е освежувачки пристап што го одобрува и самиот Gaultier, кој неодамна се пензионираше по 50 години кариера. Покрај новата услуга за изнајмување преку официјалната веб-страница на брендот, Jean Paul Gaultier ќе отвори и лансира пазар за половни производи, на кој моментално се 50 уникатни парчиња, набавени од приватни клиенти и препродавачи./М.М.

Jean Paul Gaultier

 

You may also like

Comments are closed.