Опишувајќи го своето творештво Simon Porte Jacquemus вели дека ги следи своите патишта наместо модниот автопат. Оваа изјава е сосема соодветна и за „le Chouchou“, нејзината најнова колекција, претставена надвор од календарот – наменета за есен 2023 година.

Претставувањето на „Le Chouchou“ и излетот од вообичаениот календариум се резултат на едногодишните преговори за Château de Versailles, простор на кој изложувале само мал број креатори на високата мода и да се реализира сценариото според кое присутните од флотила крем и бели чамци да ја гледаат модната ревија.

Меѓу гостите на настанот беа Victoria и David Beckham, Manu Rios, Eva Longoria, Emily Ratajkowski како и Monica Bellucci, која меѓу манекенките Kendall Jenner и Gigi Hadid,ја гледаше и својата ќерка Deva Cassel.

„Сhouchou“ како што објасни дизајнерката по ревијата, има повеќе значења: може да означува домашно милениче, или,студент, да се преведе како „драга“ , а таа го имала на ум значењето поврзано со обликување на косата кога ја градела колекцијата.

Меѓу референците на колекцијата се гардеробата и накитот на принцезата Дијана, балетот, како и долната-горна облека. Деталите се тука.

Jacquemus со “Le Chouchou” меша женски (најчесто) и (некои) машки силуети. Работејќи со црвена, црна и бела палета, си поигрува со пропорциите и текстурата, внимателно балансирајќи ги своите дизајни помеѓу софистицираноста и експериментирањето.

Ефектот е буколичен и е далеку од раздвиженото кокетирање на Karl Lagerfeld, инаку омилениот дизајнер на Jacquemus, кога на истиот простор парадираше во 2012година, со колекцијата на Chanel’s Cruise./М.М.


You may also like

Comments are closed.