За холандската дизајнерка Iris van Herpen потрагата по сите облици и видувања на слободата, е доминантна тема на создавањето, а нејзината исклучителна колекција наречена Earthrise го потврдува тоа. За поранешната танчарка слободата секогаш асоцира на движење.
Затоа и не изненадува соработката на Van Herpen со Domitille Kiger, светска шампионка со падобран, која е првиот спортист кој носи мода за време на движењето низ воздухот и падобранскиот скок. Сепак, и пристапот и материјалите што дизајнерката ги избира и значењето зад нејзината работа – се е многу повеќе од модата низ воздухот.
Создавањето на фустанот на Kiger беше начин дизајнерката да ја поттикне нејзината техника и визија во нови димензии и вклучуваше многу обиди, од кои голем дел и невообичаени – во тунели за ветер што се користат за падобранство во затворени простории. Предизвикот што си го постави дизајнерката беше да ја спои деликатноста на изработката, со екстремната издржливост на материјалот, потребна за скок со падобран. Крајниот резултат е фустан во мешавина од блуз, нежен, издржлив, но женствен.
Колекцијата има 18 изгледи за оние кои сонуваат да летаат. Van Herpen ја продолжи соработката со Parley for the Oceans, што значи дека многу од материјалите што ги користи се од рециклирана пластика.
Iris van Herpen исто така разви кинетички фустан инспириран од сфера со Casey Curran, низ поврзување со ефектот на пеперутка, односно дека секое движење што го правите има ефект врз нешто друго…
Поврзаноста на сите нешта е постојаната преокупација на Iris van Herpen. Зато и организира снимање одозгора, со помош од Аполо 8, на која се гледа земјата како кревок „син мермер“ што виси во огромен универзум. Гледајќи ја земјата од вселената, гледате место без граници, без хиерархии вели Iris van Herpen, и навистина можете да видите дека тоа е еден жив организам и навистина стар концепт, кој се нарекува anima mundi. Сè повеќе, дури и преку науката, почнуваме да разбираме дека религиозната мисла е всушност реална, сè зависи од сè./М.М.