Inter Milan x Moncler е најновата колекција на француско-италијанскиот бренд Moncler, инспирирана од претстојниот фудбалски спектакл.

Колекцијата е креирана во соработка со Inter Milan, еден од најпознатите италијански фудбалски тимови.Претседателот и извршен директор на Moncler, Remo Rufini, ја има дизајнирано јакната – носечкиот производ на колекцијата, со логоа на фудбалскиот тим.


И покрај тоа што брендот има 70 години и летово, со пригодна колекција и модна ревија на Piazza Duomo, го прослави значајниот јубилеј, со своите рафинирани производи, покажува дека сè уште може да постигнува „хет трикови„.
Стилската колекција Inter Milan x Moncler е достапна од 10 ноември на сајтот, како и во продавниците на брендот.


Moncler е основан во Франција, во 1952 година. Стана познат по своите стилски понуди со високи перформанси што ги носат познати јавни личности ширум светот./М.М.

You may also like

Comments are closed.