Дизајнерката на Cult Gaia, Jasmin Hekmat, за време на прегледот на нејзината најнова колекција најмногу се осврнува на палета на боји на нејзините нови разиграни парчиња, сите дизајнирани во живописни нијанси на розова, портокалова и зелена.

Тргнав по боја, забава и магија, вели Hekmat за магазинот Вог,на вчерашното претставување на колекцијата наменета за одморите во 2023 година.


Лесната естетика не е ништо ново за Cult Gaia, а овој пат како да е збогатена со сосема нови референци. Една од нејзините главни инспирации оваа сезона се вселенските 60-ти – со Барбарела стилот.


Архитектурата на Luis Barragán послужи како уште една референца во оваа колекција; особено, начинот на кој ги спои силните бои со текстурата. „Сакам да користам малку текстура во моите ткаенини“, вели дизајнерката. Бојата изгледа најдобро на малку текстура“.


Меѓу смелите парчиња се и сандалите со крајно необични штикли, како и оние кои од сандали продолжуваат во чизми над колено. „Ја сакам драмата“, вели Hekmat./М.М. https://cultgaia.com/collections/resort-23-collection

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.