Истражувачката лабораторија на IKEA, Space10, разви концепт за поврзување на NFT со мебел: дрво кое постојано се развива и „расте“ преку постапки на грижа кон него, за да ги поттикне луѓето својот мебел да го чуваат, поправаат и рециклираат.

Во дизајнерскиот проект на Space10, наречен Carbon Banks, мебелот за кој станува збор е Froset – дрвено столче на IKEA, додека незаменливиот токен (NFT) е дело со додадена реалност, што ги отсликува реалните околности на предметот.
Дрвото станува поголемо и бујно кога човекот подолго го чува столот, а исто така реагира и кога столот се поправа, препродава или се тргува за друг мебел. На крајот од својот животен век, столот може да се рециклира, за да предизвика една конечна визуелизација – целокупно расцутување на цвеќиња.

Space10 ги создаде Carbon Banks во партнерство со берлинското студио WINT Design Lab за да го истражи потенцијалот за дигитални средства, како NFT, за да изгради емотивна врска со предмети во реалниот свет и да помогне да не се гледаат само како за еднократна употреба.
Знаеме дека отпадот од мебел е голем проблем, вели Ryan Sherman од Space10 за Dezeen. Сепак, парче дрвен мебел може со децении да биде склад за јаглерод – ако не и подолго – ако се чува и рециклира правилно. Во рамките на постојано еволуирање на NFT, видовме можност да ја истражиме оваа технологија како ветувачко средство со кое ќе промовираме кружни однесувања.
Според Carbon Banks, што моментално е прототип, проектот започнува кога некој ќе купи нов стол Froset и со својот телефон ќе ја скенира уникатната шема на столот.


Оваа акција покренува апликација со виртуелно дрво, што значи дека уникатното дигитално средство се евидентира на блокчејн, по што може да се купи, продаде или тргува. Сопственикот би ја доживеал оваа акција како никнување на расад, што изгледа како да расте од нивното столче во проширена реалност. Ако столот се тргува или продаде, NFT оди со него и промената во сопственоста се регистрира на блокчејнот кога новиот сопственик го скенира столот и претходниот сопственик го одобрува трансферот. Овие промени се евидентираат како нови, уникатни израстоци на дрвото, како и кај поправката и одржувањето.
Истражувачите забележуваат дека преминувањето кон поефикасен протокол – кај блокчејни на Ethereum – може да има повеќе полезности. Ова пак отвора нови можности за користење на блокчејни за други, нови цели, освен за утврдување на сопственоста и тргување.

„Апликациите за NFT еволуираа итеративно“, објаснува Sherma. „Прво имаше „дигитални оригинали“ – еден пример беше Crypto Punks – каде што колекционерството и ексклузивноста беа клучни вредности“.
Според Space10, Carbon Banks е следната генерација на NFT, наречен„дигитален засилувач“ бидејќи технологијата е дизајнирана да ги „засили“ аспектите на физичкиот објект.


„Дигиталните засилувачи се поврзани со физички објекти преку блокчејнот и ги зголемуваат ставките на кои се прикачени, визуелизирајќи ја историјата на објектот, нашиот однос со него и поттикнувајќи нови однесувања“, вели Sherman.
„Претставува единствен момент за оддалечување од финансиските стимулации кон грижа, кадешто дигиталните објекти визуелизираат и наградуваат одржливо однесување во нашиот реален свет, создавајќи можности за нови форми на дигитално самоизразување“.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.