Со моден филм и серија црно-бели фотографии, Hermès ја промовираше својата колекција на накит, наречена Cavalier jewelry.

Црпејќи инспирација од коњите и оригиналното потекло на куќата како изработувач на опрема за коњи, Hermès  создаде препознатлив и во дизајнот смел накит, во сребро и во злато,со потпис на брендот.

Опремата за коњите, како прицврстувачи, ремени и токи, се трансформирани во скапоцени парчиња накит, со потпис на модната куќа. Постојаното навраќање на наследството така станува неисцрпна ризница на дизајни на Hermès.

Колекцијата ја потпишува Pierre Hardy, креативниот директор за накит. Со оваа колекција некогашните дизајни на Chaîne d’ancre и Kelly доживуваат ново обмислување, со свежи идеи./М.М.

 

 

 

You may also like

Comments are closed.