Hanifa, модната куќа на дизајнерката Anifa Mvuemba ја претстави својата четврта колекција, наменета за есенва.
Колекцијата е фокусирана на трикотажа која како да станува особено популарна за помалите брендови. Ново во оваа категоријата е вклучувањето на мохер, како и експериментирање со нови транини, воглавно како модни додатоци и поддршка на трикотажата во асортиманот.
Колекциите на Mvuemba се претставуваат под мотото: види-сега-купи-сега, за таа да може да види што гледаат клиентите, да понуди алтернативи и да најде рамнотежа помеѓу создаденото и она што на потенцијалните купувачи им се допаѓа. „Не ми се допаѓаат притисоците на индустријата, објаснува таа, велејќи дека за есенва размислувала за своите клиенти, а она што е презентирано има смисла за времето во кое сме, а и каде се моментално како бизнис“.
За Anifa Mvuemba, добитничката на InStyle Award се вели дека е иднина на модата. Нејзините смели дизајни се претставени на повеќе насловни страници на InStyle, а од минатата година создаденото го преставува и преку модните ревији. Од лансирањето на нејзиниот бренд „Hanifa“ во 2011 година, таа дизајнира колекции за жени без ограничувања. Нејзините парчиња се карактеризираат со низа бои и текстил, за во дизајнот да ги следат природните облини на женското тело./М.М.