Oki Sato, јапонски дизајнер и основач на студиото Nendo, на Неделата на дизајн во Милано ја претстави својата шарена колекција на додатоци на мебел изработена за италијанската дизајнерка Paola Lenti.
Sato, чие студио е познато по иновативните, но често суптилни и монохроматски дизајни, создаде невообичаено колоритна колекција, наречена Hana-arashi, направена од вишок материјали и остатоци од мебел наменет за екстериери, од серијата проекти на брендот Mottanai, кои настојуваат повторно да ги користат остатоците создадени во текот на производниот процес.


Sato, кому вообичаено му се даваат поконкретни задачи, изјави дека оваа за него била поинаква: наместо стандардна задача, Paola Lenti го повикала Sato во нејзината канцеларија и му ги покажала остатоците од ткаенина што биле користени за нивниот мебел за екстериери.
Со цел да создаде нов материјал, Sato експериментирал со остатоците, за по серија неопходни но и опасни експерименти, да најде начин да ја трансформира ткаенината во материјал со соодветна текстура и конзистентност.


Колекцијата Hana-arashi, инспирирана од различните фази на цветањето на јапонската цреша (сакура), создадена е со цел да ја покаже убавината и важноста на повторната употреба на материјалите, со што се поврзува и со филозофијата на проектот Mottanai.
Paola Lenti е италијанска дизајнерка и основач на истоимениот бренд. Позната е по иновативните дизајни на мебел и додатоци кои често комбинираат висока естетика со функционалност и квалитетни материјали./М.М.

You may also like

Comments are closed.