Greta Constantine

Дизајнерите Kirk Pickersgill и Stephen Wong, во студиото во Торонто, неуморно концептуализираат, истражуваат и ја предизвикуваат современата модата, низ колекциите на нивниот бренд Greta Constantine, создавајќи свои видувања за облеката на жената утре.

Недостатокот на настани на црвениот тепих, поради здравствените ограничувања, не преставуваше пречка моделите на Greta Constantine да се појават на сите вистински места. Блесокот на сафир сина боја и контрастот со златните чизми, како и тиркизните наметки со сини машни и златни чевли можеа да се видат во јавноста на познатите личности, потврдувајќи дека пролетната колекција го нашла патот до поддржувачите на брендот.

Greta Constantine

На прославата на 15 годишнината од основањето на  Greta Constantine, дизајнерите Pickersgill и Wong ја истакнаа помошта на луѓето од тимот во создавањето на брендот и во остварувањето на нивните животни сништа. Беше посочено дека тие цели се остварени и дека е време за нови предизвици.

Greta Constantine

Историјата е и останува во фокусот и на нивната најнова – есенска колекција. Сатенот во зелена, сина, црна и златна боја како да потсетува на потеклото од Јамајка на дизајнерите, додека винтиџ хитовите, односно асиметричните наметки и високите корсети, беа ремиксирани со блескави нијанси на злато, или, во комбинација со метални чизми, за да го зголемат „вауууу„ ефектот.

Greta Constantine

Greta Constantine е колекција на женска готова облека со седиште во Торонто, Канада. Основана во 2006 година од дизајнерите Kirk Pickersgill и Stephen Wong, го носи името  на мајката на Wong и на дедото на  Pickersgill. Колекцијата е достапна во повеќе од 40 бутици и бројни малопродажни линии ширум светот. Работат во студиото во Торонто, каде што концептуализираат, истражуваат и ја предизвикуваат современата модата за жената на иднината./M.M.

Greta Constantine

Greta Constantine

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.