GRETA е приказна за обидот за композирање на уникатен образ, кој се прогнозира да предизвика социо-револуционерено движење во општеството во врска со климатските промени, истакнува м-р Давид Стојановски, во преставувањето на својата колекција наменета за есенва.
Поконкретно, колекцијата ја развива тематиката за егзистенциализмот на генеологијата на основните филозофски елементи на Земјата: вода, оган и воздух и нивните опозити – размрзнувањето, пожарите и загадувањето. Прашањето кое се налага како приоритет е дали оваа утопична реалност има паралелна дејствителна теза?
Водејќи се по претпоставките дека оваа учтива цел е само морален парадокс на човештвото, и сфаќајќи ја важноста на овие елементи, исчезнати со своите квалитети, преостанува да вникнеме во проблематиката на животот во футура, кој го обединува присуството на употребата и уништувањето на нивното битие.
Едиторијал
- Концепт: Давид Стојановски – stojanovskidavid.official
- Фотографија: Антонио Станков – stankovantonio
- Модел Софија: Симоноска / Models In – sofijasimonoskaa / modelsinmgmt
- MUA: Арабаџиева Миа – mia.arabi / beauty_studio_mia_arabi
- Чевли: shevro_ / glecer_shoes