Сакав да ја изразам новата елеганција на Givenchy, земајќи значајни моменти од нашето минато и прилагодувајќи ги на сегашноста. Изгледот е фокусиран на доверба, удобност и зајакнување, три концепти кои се составен дел на кодовите на модната куќа. Денес тие се олицетворени од Mona Tougaard, Karolina Spakowski и Liu Wen, вели Matthew M. Williams, создавачот на есенско/зимската колекција на Givenchy и на штотуку претставената рекламна кампања, снимена од фотографот Heji Shin. https://www.givenchy.com/us/en-US/cm/explore/news/fall-winter-2023-women-s-campaign

 

Колекцијата и кампањата за есен/зима 2023 ја црпат својата инспирација од златната ера на модата (Couture), во 1950-тите и 1960-тите. Како знак на архивите на Givenchy од тој период, сликите нудат впечатлив доказ за начинот на кој креативниот директор буквално од секаде зема детали – без оглед дали се работи за архивите на модната куќа, или, улицата – и ги претвора во нов, современ гламур.

Колекцијата претставена во кампањата ја дефинираат моќна изработка и безвременското, занаетчиски умешно кроење, со кое волуменозните изгледи се носат лесно, овозможувајќи врвна удобност. Во сето Matthew Williams признава дека тивка, носталгична тага провејува низ колекцијата и дека тој на не укажува и јасно и нежно./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.