
Одбележувајќи две децении Armani Privé, Giorgio Armani ја претстави Lumières – својата couture колекција во која ја слави суштината на светлината – треперлива и етерично блескава.
Со спектакуларно шоу, одржано во рамките на париската недела на високата мода ( Paris Haute Couture Fashion Week), легендарниот креатор Giorgio Armani прослави 20 години на Armani Privé – на неговата линија на високата мода. Колекцијата го комбинира кроењето, инспирирано од Југоисточна Азија, со гламур од 1920-тите. Дизајнерот ќе каже и дека Lumières е инспирирана од недопирливата убавина на светлината.
Низ 93 модели, Armani представи хипнотизирачки наметки, обложени со скапоцени камења, метални проѕирни фустани и неверојатни додатоци, украсени со кристали.
Резултатот беше имагинарна прегратка од сјај и софистицираност, моден сон надополнет со препознатливиот дизајнеров потпис на флуидна воздржаност.
Armani го опиша настанот како „прослава на убавината“, истакнувајќи дека изработката и имагинацијата се во сржта на високата мода. Гостите, меѓу који и Demi Moore, Jessica Biel и Coralie Fargeat го исполнија првиот ред, облечени во блескави креации на Armani.
За финале, самиот Armani го затвори шоуто, рака под рака со моделка, истакнувајќи го своето наследство во светот на модата.
Со лансирањето на Armani Privé, во 2005 година, високата мода креаторот ќе ја користи за сопствени послободни истражувања на стилот, едновремено истакнувајќи го владеењето со безвременската елеганција.
За Armani, високата мода не се само дизајни за модни фотографии, туку создавање за вистинска клиенти, овозможувајќи остварување на сопствената визија преку сложена, занаетчистка изработка. Затоа и јубилејот претставува одредница која го означува континуираниот успех на дизајнерот, кој го обликуваше модниот свет со децении, без знаци на забавување пред неговото пензионирање во следните години./M.M.