Gianvito Rossi

„За мене е најважно – штом жената ќе ги облече [моите чевли] – навистина да може да ја почувствува својата женственост, без чувство дека притоа е премногу изложена, затоа што сите – сите обрнуваат внимание на чевлите, вели Gianvito Rossi, дизајнер и директор на истоимениот бренд.

Gianvito Rossi

Со својата најнова колекција, како и со претходните, Rossi се обидува да произведе безвременски стилови. „Високо-квалитетниот дизајн е дизајн што трае подолго, и нема да ви здосади по една сезона или една година“, вели тој. „Навистина ме привлекува тоа и, во одреден момент, би сакал да дојдам до статус на класичен дизајнер“.

Чевлите на Gianvito Rossi се дефинираат според нивната грациозност, едноставно совршената линија која е највпечатлива без оглед дали се работи за чевли, чизми или сандали, или – особено посакуваните невестински чевли.

„За мене најважна е силуетата, формата“, вели Rossi. „Мислам дека линијата е она што навистина чевелот го прави елегантен. Многу е лесно да дизајнирате фенси чевли – но најтешко е да направите едноставна, модерна и привлечна за очи. Но, штом еднаш го сторите тоа, тоа најмногу ве исполнува и надградува “.

Gianvito Rossi

Sergio Rossi, основачот на брендот, е роден во San Mauro Pascoli, во регионот на Emilia-Romagna. Работел со својот татко, чевлар и трговец со кожа се до 1951 година, кога ја отворил својата прва продавница, додека во 1968-та го создал брендот  Rossi. Во 1960 година се прославил со чевлите што ги направил за потребите на филмот La Dolce Vita, на Federico Fellini, а ги носела, тогаш славната,  Anita Ekberg. Gianvito Rossi, синот на Sergio Rossi, бил со татко му во работилницата за чевли и пред да прооди. Тој го продолжил патот зацртан од неговиот дедо и татко,  Sergio Rossi, кој почина минатата година, од последиците на корона вирусот./M.M.

Gianvito Rossi

 

Gianvito Rossi

Gianvito Rossi

Gianvito Rossi

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.