Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл Мартин во новото поглавје на легендарното модно наследство на Gap
Gap Studio ја претстави својата есенско-зимска колекција во кампања што ја слави врската меѓу генерациите и трајната привлечност на минимализмот. Приказната ја раскажуваат Гвинет Палтроу и нејзината 21-годишна ќерка Епл Мартин, фотографирани од познатиот Марио Соренти, со креативно насочување на Зак Позен.
Кампањата ја потенцира бесвременоста на Gap и поврзувањето на различните модни генерации преку едноставноста и автентичноста на стилот. Колекцијата и кампањата говорат за поврзување преку стилот, изјави Зак Позен. Одраз се на идејата дека облеката патува низ времето – се позајмува, се преосмислува и добива лично значење. Колекцијата е инспирирана од модата на Њујорк во 1990-тите – на музиката, енергијата – на елеганцијата и урбаниот стил – момент кога модернизмот и носталгијата создаваат нов моден јазик.
Во кампањата мајката и ќерката носат парчиња од новата колекција во која е опфатена и младешката елеганција на Палтроу од пред три децении. Gap отсекогаш бил дел од животот на моето семејство, вели Палтроу. Брендот е класичен, без напор модерен, а Зак му даде нова свежина што го прави попријатен и подостапен од било кога./М.М.
Слики: GapStudio




















