Во рамките на тековната „Африканска модна недела„ особено внимание привлече новата машка колекција на брндот Freshbydotun, создадена од модниот дизајнер Dotun Adeyeye.

Инспирирана од африканските симболи, најновата колекција, насловена како Heritage ја афирмира африканската култура и нејзините иконски симболи, за да создаде современ пристап на традиционалните, но и универзални детали.

Freshbydotun е моден бренд основан од нигерискиот дизајнер Dotun Adeyeye. Препознатливи се по својата оригиналност во создавањето уникатна, ексклузивна облека,која се прави по нарачка, како и онаа, подготвена за носење.

Најновата понуда на брендот користи африкански амблеми, како на пример маските од Benin, што ја претставуваат кралицата Idia, владетелка на народот Едо.

Колекцијата го промовира африканскиот текстил, како и одржливоста на африканската традиционална изработка.

Heritage дебитираше на AFWL -„Африканската модна недела„ одржана во Лондон, настан чија цел е да промовира модни дизајнери од Африка./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.