Forever Fresh

За кожата на земјата треба да се грижиме како за нашата, сопствената кожа. Тоа е темелот на Forever Fresh, новата платформа за одржливост на брендот, фокусирана на одговорно работење со заедниците од каде Fresh ги добива состојките за своите производи, а се однесува и на климатските активности и еко-амбалажата. Како дел од своите заложби усвоени по повод  30 годишнината од основањето, Fresh ги истакна конкретните цели и акциони планови во секоја од овие области, што има за цел да ги постигне пред својата 40 годишнината, во 2031 година.

Forever Fresh

Од создавањето на Fresh, во 1991 година, основачите Lev Glazman и Alina Roytberg, биле инспирирани од природните состојки, културите и традициите од целиот свет, за создавање на нивните скапоцени креации. Денес Fresh еволуира во глобален бренд, омилен поради своите производи за нега на кожата, како и на парфемите инспирирани од природните состојки.

За да продолжи да напредува и да создава безбедни, ефикасни и сензуални производи, Fresh објави 30 обврски насочени кон планетата, луѓето и производите. Овие заложби се одраз на трајното чувство на одговорност за помагање на идните генерации, за светот да остане „Forever Fresh“.

Forever Fresh

„Forever Fresh“ е платформата преку која брендот ќе го следи спроведувањето на своите заложби. Fresh е првиот LVMH Maison што стана официјален член на Унијата за етичка био трговија, UEBT, невладина организација, создадена од ОН. Преку ова партнерство, а по завршувањето на проценките, до 2025 година.

Fresh ќе спроведе глобална проценка на отпечатоци на јаглерод годинава и ќе постави цели за нивно намалување.

Fresh има за цел да обезбеди 100% обновлива енергија за новите продавници ширум светот до 2023 година, додека постојните продавници и канцелариите ќе ги намалат емисиите за 50% до 2025 година, според Парискиот договор./M.M.

Forever Fresh

Убавина вести

Аdvent Сalendars

Секоја година модните куќи за убавина особено внимание посветуваат на празничните, Аdvent Сalendars. Тоа е ...

You may also like

Comments are closed.