Првата колекција за Fendi на креативниот директор Kim Jones е инспирирана од наследството на брендот и елеганцијата на Италија: колекцијата е женствена, сестрана и луксузна, одмерена во боите и доследна во стилот.
За својата прва колекција подготвена за носење за италијанскиот бренд Fendi, британскиот дизајнер Kim Jones доби високи оценки. За есента 2021 година, дизајнерот побара инспирација од петте сестри Фенди, од нивните гардеробери, па затоа колекцијата е направена со малку бои и едноставни линии.
Со тоа што палетата на бои е ограничена само на неутрални – темни и чоколадни кафеави, кремасти бели и беж, маслинови зелени, софистицирани црни – дизајнерот доби можност навистина да покаже што може да и донесе на женската облека по неговата претходна работа со машката облека. „Забавата не е секогаш само со светли бои“, напиша тој во белешките за колекцијата. „Може да се работи за навистина луксузно уживање во себе си и во чуството на пријатност во она што го носите – и тоа повеќе од било кој друг“.
По оригиналноста, но и доследноста во дизајнот, во колекцијата се издвојуваат модните додатоци – чевлите и сандали во (не)возможни дизајни, и асиметричните торби со задолжително вградениот дизајнерски монограм на модната куќа./M.M.