Fendi

Уметничката директорка на Fendi, Kim Jones, за своето второ ready-to-wear шоу и првата модна ревија во живо за колекцијата пролет/лето 2022 година го носи гламурот на дискотеката. Инклузивност, ослободување и само забавна провејуваат низ шоуто. “Нашата жена малку се опушти – излегува, се дотерува. Сите бевме толку долго затворени што мислам дека тоа е она што ни треба на сите во моментов”, рече Jones.

Jones својата инспирација ја наоѓа скицата на логото на брендот ископано од архивите на модниот илустратор Antonio Lopez. Користејќи го во повеќе верзиии цртани од Лопез, сликите од логото во повеќе варијанти ја разубавуваат белата сензација на претставените изгледи. Lopez размислуваше  за иднината – инклузивно; и сите го гледаа и го следеа – од Andy Warhol до Steven Meisel и David Hockney. Сакав да го претставам на новата генерација, вели Kim Jones.

Форми и стилови од Fendi се појавуваат во колекцијата со нови, свежи пресврти. Торбата Fendi First, која обично се гледа во неутрални кожи, сега е и со топли тонови и светли линии. Иконската торба Bagette во колекцијата е вткаена во шема на виножито, а Fendi First чевлите ги отелотворуваат 70 -тите.

Модната ревија како да го слави Studio 54, во духот на Lopez и на жените кои го инспирирале како Jerry Hall, Tina Chow, Pat Cleveland, Bianca Jagger или Grace Jones.

Со оваа пролетно/летна колекција, Jones ја истакнува убавината на женската самодоверба, посочувајќи дека визијата на Lopez за Fendi е „мулти-генерациска“./M.M.

Fendi

Fendi

Fendi

Fendi

Fendi

Fendi

Fendi

Fendi

Fendi

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.