Fendi и Skims

Kim Kardashian од Skims и Kim Jones од Fendi издадоа соопштение по повод нивната соработка во создавањето на облека за спортување, трикотажа, облека за плажа, RTW, како и модни додатоци. Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на деветти ноември.

Со најавата преставена е и сцена од снимањето, со Steven Meisel како одговорен за фотографијата и Precious Lee, Jessie Li, Tianna St. Louis, Grace Valentine и Kim како модели.
Во соопштението се истакнува дека колоритната линија на новата колекција е инспирирана од архивските скици на Karl Lagerfeld за Fendi од 1979 година.
Дел од колекцијата ќе се најде и во електронските продавници на Fendi по цени од 100 до 4200 долари./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.