FDA – Американската агенција за храна и лекови, го одобри Leqembi на.Eisai и Biogen за третман на Алцхајмерова болест.

Американската агенција за храна и лекови (FDA) вчера го одобри лекотLeqemb за третман на Алцхајмерова болест, развиен од јапонската фармацевтска компанија Eisai и американскиот Biogen. Според заедничкото, соопштение до јавноста одобрението е добиено во петокот, шести јануари.

https://investors.biogen.com/news-releases/news-release-details/eisai-submits-supplemental-biologics-license-application-fdaсс

Лекот ќе се продава под името Leqembi, наменет е за пациенти во најрана фаза од болеста и припаѓа на класата на третмани насочени кон забавување на прогресијата на невродегенеративната болест. Лекот ќе дејствува преку отстранување на лепливите грутки од токсичниот бета амилоид протеин од мозокот.
Имено, според Eisai и Biogen Inc. објавија дека Leqembi 100 mg/mL инјекцијата за интравенска употреба, претставува хуманизиран имуноглобулин гама 1 (IgG1), насочен против моноклонално антитело. растворливи („протофибрил“) и нерастворливи форми на амилоид бета (Абета) за третман на Алцхајмерова болест.

Денешните вести се неверојатно важни, изјави д-р др. Howard Fillit. Годините на истражувања за најкомплексната болест со која се соочуваат луѓето се исплатија и ни даваат надеж дека не само што можеме да ја третираме Алцхајмеровата болест, туку и да ја спречиме, додаде тој.
Јапонската компанија соопшти и дека ќе побара одобрување за Leqembi во Јапонија и во Европската унија.

Од Eisai имаат проценка дека бројот на пациенти во САД, који ги исполнуваат условите за лекот ќе достигне околу 100.000 во рок од три години, постепено зголемувајќи се на среден и долг рок.
Leqembi ќе биде лансиран по годишна цена од 26.500 долари./М.М.

You may also like

Comments are closed.