Следејќи ги потребите на купувачите во оваа по многу нешта невообичаена година, голем број модни куќи предлагаат зимската гардероба да е удобна, лежерна, комотна но и сепак впечатлива. За свечен изглед, панталоните или фармерките комбинирајте ги со кошула или блуза со предимензионирани паф-ракави, а иако балон-кројот е карактеристичен за летните парчиња.
Во тој тренд е и Fashion Group – како за Јакни, кошули, дуксери, тренерки, панталони од секојдневието, така и за време на празниците, насочувајќи се кон онлајн нарачките на секогаш уникатните производи од познатите светски брендови кои ги застапува оваа групација.
Доколку впечатливата удобност е основната премиса за оние кои работат од дома, за прошетките во природа за време на празниците, на платформата на Fashion Group се предимензионираните капути надополнети со шик ремен. Одбраните стилски парчиња од брендовите на Fashion Group се испорачуваат во духот на празниците, во специјални празнични кутии./M.M.