Fashion Group со забава, подароци и нови колекции ги отвори новите модерни продавници во East Gate Mall. На 29 октомври, во 10 часот започна шопинг авантурата на познатите личности, инфлуенсерите и на лојалните купувачи од OKAIDI, во присуство на Црвениот Крст на Град Скопје и нивните штитеници, за потоа да уследи сечење на лентата за PARFOIS, брендот SPRINGFILED, TIMBERLAND, како и музичката забава Fashion & Friends точно напладне, MANGO и новиот италијански бренд за мажите Dan JOHN.
– Секоја наша продавница е со нов модерен изглед, според светските стандарди и затоа претставува предизвик за секој наш лојален купувач. Сите колекции се внимателно одбрани, за да се задоволат вкусовите на модните „зависници”. Ги покануваме сите да бидат дел од нашите модни приказни, истакна Јордан Колевски, маркетинг менаџер во Fashion Group.
Посетителите имаат можност во продавницата на машкиот италијански бренд Dan John да уживаат во настапите на познати машки танчери во стилот на „Great Gatsby”.
– Еден од омилените брендови на жените, MANGO, овојпат е со двојно засилување: машка и детска колекција. Ако се двоумевте каде да ги набавите сите парчиња облека во неутрални бои за најмалите, тогаш веруваме дека тоа ќе го сторите во детското катче во продавницата на Mango во East Gate Mall. Со заокружување на трите колекции на брендот, веројатно вашето семејство ќе биде постилско од кога и да е, додаде Колевски.
Fashion Group најави отворање на светскиот бренд за шминки KIKO MILANO на 10-ти ноември.
Повеќе детали од забавата и подароците во новите продавници на Fashion Group се во излогот на МодаМода./M.M.