Aerin Lauder, стил/имиџ директор, и основач и креативен директор на AERIN (Estée Lauder), има неколку предлози за максимално искористување на празниците дома.

Aerin, според сајтот на компанијата, е вешта домаќинка која, за разлика од нејзината баба Estée, која има организирано забави за празниците, годинава се подготвува за малку поразлична прослава.

Aerin не е таа што дозволува актуелните околности да го попречат нејзиниот празничен дух и споделува совети за прославата да остане запаметена.

Нејзиниот стил на украсување е класичен и елегантен, со допир на модерното. Украсува со сезонски тонови на црвена боја и златни акценти. Обожава кога во домот се чувствува вистинска празнична атмосфера.

Нејзината баба секогаш ставала подарок крај местата на кои седнувале членовите на семејството и гостите. Тоа биле мали нешта, како парфем, затворач за вино или што било, што правело сите на масата да се чувствуваат посебно.

За празничен изглед  дома и убавото чуство, доволни се новата колекција на Estée Lauder: од  Есенцијалниот EsteeMoisturizer, до впечатлив кармин PureColorEnvy, во сенка 551… За незаборавни празници ќе приоднесат и The Amber Musk, комплетот подарок за пријателка или роднина, или Rose de Grasse парфемот, како прекрасен подарок за некој многу посебен во вашиот живот. /М.М.

 

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.