Ellen Hodakova Larsson

Ellen Hodakova Larsson, дизајнерка во подем од Шведска, во својата најнова колекција, дигитално  преставена на париската модна недела, се враќа во Средниот век, ренесансата и романтизмот, за да понуди свое ново модно видување. Ова бајковито расположение е нагласено и со изборот на локацијата на која е преставена колекцијата за пролет/лето 2022 година – бакарниот шатор на султанот од 18-от век, во паркот Haga, во Стокхолм.

Дизајнерката вели дека „Целиот концепт гледа во историјата и исто така ја носи напред, бидејќи тоа е она што ни носи автентичност во моментов“. Во светот на Larsson, автентичноста може да биде допрена, несовршена и нарочна: Се е направено од веќе користени материјали или материјали што нудат алтернативи за свесните потрошувачи. Овој пристап е доминантен во колекцијата – безмалу во секој изглед е видливо минатото, како и новата димензија добиена од Ellen Hodakova Larsson.

Larsson  е претставник на новата генерација дизајнери која, можеби, наоѓа повеќе заедничко со одлуките на бабите и дедовците во облекувањето, во однос на оние на родителите.

Има магија и метод во начинот на кој овој дизајнер го прави секојдневниот изглед извонреден. Larsson верува дека новите начини на гледање на нештата можат да го сменат начинот на кој пристапуваме кон светот. Филозофскиот став на Hodakova  е повеќе од  љубопитност за нешто ново и за новиот начини на размислување во размислите за иднината на модата. Тоа е и она што носи промена во системот, исто како што луѓето сега сметаат дека е сосема во ред да купуваат користена облека. Доколку купувате фустан создаден од две кошули од Hodakova,  тоа е како да велите  дека го разбирате и поддржувате новиот тип на структура на облеката воопшто. Тоа е многу повеќе од  облека./M.M.

Ellen Hodakova Larsson

Ellen Hodakova Larsson

Ellen Hodakova Larsson

Ellen Hodakova Larsson

Ellen Hodakova Larsson

Ellen Hodakova Larsson

Ellen Hodakova Larsson

 

 

 

 

 

You may also like

Comments are closed.