Deebot T20 Omni едновремено вакумира и брише низ домот, со што се елиминира потребата од повеќе уреди за чистење.
Ecovacs, глобален бренд за технологија и роботика, лансира нов уред – робот за чистење, дизајниран едновремено да чисти и да вакумира.
Deebot T20 Omni е најновиот робот чистач, опишан како „Тесла на роботи чистачи“. Интелигентно ја открива разликата помеѓу теписите и тврдите подови и го крева џогерот за „беспрекорна хигиена на сите типови на подови“. Т20 Omni го карактеризира она што Ecovacs го нарекува како Ozmo Turbo 2.0 систем за бришење под притисок, кој се ротира 180 пати во минута за поефикасно чистење на подот.
Според Ecovacs, на пазарот има само неколку роботи чистачи кои ја имаат оваа најнова технологија и ниту еден од нив не ги крева џогерите толку високо како Deebot, што го прави T20 Omni оптимално средство за чистење на простори со повеќе типови на површини.
Уредот чисти со топла вода, поставена на 55 степени, за која Ecovacs вели дека е прва во индустријата која поефикасно ги отстранува маслото и нечистотијата и ја подобрува моќта на растворот за чистење.
Вакуумската компонента вклучува дизајн на гумена четка со спирални сечила и притисок од 6000 паскали за вшмукување што ги фаќа остатоците и прашината од теписите и тврдите подови.
Кога не се користи, роботот се приклучува во својата станица Omni, која има вградена машина за сушење на топол воздух. Ова осигурува чист уред за следна употреба и го спречува растот на бактериите, пред тие да се формираат./М.М.
За новото издание на Ecovacs, повеќе тука.