Слободата на информирањето никогаш не била толку убава – и толку посакувана.

Uncensored Collection на DW, создадена во соработка со дизајнерот Marco Scaiano, е колекција на слободниот ум во која непристрасните информацији никогаш не изгледале подобро!

Модната колекцијата „Нецензурирана“(Uncensored Collection) на DW (Deutsche Welle) и на дизајнерот Marco Scaiano ја одразува борбата против цензурата и преставува поддршка за слободата на изразувањето ширум светот. Слободниот пристап до информации значи дека секој – без разлика каде се наоѓа – има слобода самиот да одлучува. Затоа е направена и листа на корисни алатки, велат од медијумска куќа, посочувајќи на големиот интересот што невообичаената кампања го привлекува ширум светот: //uncensored.dw.com/en/

Приходите од колекцијата се наменети за проектоте на CPJ – Комитетот за заштита на новинарите.
(Commite for protect the journalist) :
Според податоците на CPJ, бројот на затворени новинари достигна нов светски рекорд. Од почетокот на годинава, до први декември, на 363 новинари им била одземена слободата, а тоа преставува нов неславен рекорд и го надмина минатогодишниот рекорд за 20 проценти, означувајќи уште една мрачна пресвртница во влошениот медиумски пејзаж.

Модната колекција содржи повеќе парчиња облека чиј дизајн пропагира слобода на говор, а има инструкции кои ќе помогнат да се заобиколи цензурата и да се пристапи до независен медиум без оглед каде се наоѓате.


Комитетот за заштита на новинарите е независна, непрофитна организација која ја промовира слободата на печатот ширум светот : cpj.org.

You may also like

Comments are closed.