Drew Barrymore со Made by Gather дизајнира и промовира колекција кујнски апарати во пастелна, нежна зелен-плава боја и со високи перформанси.
Познатата актерка, Drew Barrymore и Shae Hong, основачот и извршен директор на Made By Gather, заеднички дизајнираа колекција на кујнски апарати со високи перформанси, во нови, впечатливи плаво-зелени нијанси кои тие ги нарекоа колекција во боја на жалфија. Современите апарати се во мек дизајн, со заоблени рабови, што додава нежност за допир но и безбедни површини во кујната.
Основана во 2003 година од претприемачот Shae Hong, Sensio сега работи како Made by GatherTM: дизајнира и произведува портфолио на кујнски брендови, направени со емпатија, со разумни цени и оригинален дизајн. Се создаваат апарати за модерната генерација, која сака од кујната да направи посебно место. Направени од Gather, производите вклучуваат кујнски брендови на кои сега ќе им се приклучи и најновата серија, создадена со познатата актерка.
Shae Hong, основачот и извршен директор/претседател на Sensio, сега Made By Gather, има специјализирано малопродажба, е-трговија, развој на производи за широка потрошувачка, управување со брендови, лиценцирање на брендови и лансирање нови брендови./M.M.